Регионален HR специјалист

In English: Regional HR Specialist

Lpp Macedonia

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Бидете и вие дел од LPP, современа и реномирана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода! LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот. “Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.” Нашата моментална мрежа се состои од околу 3700 продавници во Европа, Азија, Среден Исток, а од неодамна е присутна и во Скопје со сите 5 бренда. Со цел проширување на продавници низ цела Македонија во моментов сме во потрага по нашиот иден колега: Позиција: Регионален HR специјалист (Regional HR Specialist) ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ: - Организација и спроведување на процесот на регрутација и селекција на кандидати за различни позиции во доверениот регион. - Регрутација и кадровска поддршка при отворање на нови продавници во регионот и по потреба надвор од него. - Подготовка, организација и координација на обуки и онбординг процеси за нововработените, во согласност со деловните потреби и HR стратегијата. - Имплементација и унапредување на HR процеси и алатки, како и обезбедување поддршка за нивна успешна примена. - Идентификација и развој на таленти, со активно учество во градење позитивна организациска култура и ангажираност на вработените. - Тесна соработка со регионалниот менаџмент, менаџерите на продавници и HR тимот, вклучувајќи employer branding активности, корпоративни настани и HR известување. ТВОЈ ПРОФИЛ: - Високо образование - Минимум 2 години претходно работно искуство, по можност во областа на човечки ресурси - Искуство во retail е секогаш плус - Одлично познавање на англиски јазик (говорна и писмена комуникација) - Напредно познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint) и работа со интернет алатки - Возачка дозвола Б категорија и активен возач - Одлични комуникациски и организациски вештини - Проактивен пристап, ориентираност кон резултати и способност за работа во динамична средина БЕНЕФИЦИИ: - Стабилна кариера во интернационална компанија - Службено возило, мобилен телефон и лаптоп; - Можности за професионален и кариерен развој - Конкурентна плата, бонуси и бенефити - Динамична и пријателска работна средина - Континуирани обуки и унапредување на вештините За аплицирање проследето го вашето CV најдоцна до 29 .11 .2026 год. Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft. More human resources jobs in North Macedonia