Координатор на земјоделско производство

In English: Agricultural Production Coordinator

Dekra Macedonia

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата: - Координатор на земјоделско производство ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО - Планирање, организирање и координација на производниот процес во Агро комплекс; - Изработка на производствени планови и програми за развој; - Анализа на производните процеси, предлагање мерки за нивно унапредување и разрешување на техничко-технолошките проблеми; - Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација, материјали); - Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите; - Организирање, координација и надзор на сите активности во производство на земјоделски култури; - Раководење со вработените, нивно распоредување, обука и следење на извршување на задачите; - Следење на процесот од подготовка на површини за сеидба до берба, пакување и испорака; - Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности; - Учество во техничко-технолошки процеси за подобрување на производството и креирање на развојни програми; - Обезбедување ефикасно користење на опрема и ресурси; - Контрола и евиденција на возила, механизација и приклучна опрема; - Следење и контрола на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци; - Контрола на здравствената состојба на насадите; - Следење на реализацијата на планираните активности; - Подготовка на извештаи (дневни, неделни и месечни); - Одржување на високи професионални стандарди и деловна етика. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ - Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или ССС – Земјоделски техничар со претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 5 (пет) години ќе имаат предност при изборот; - Познавање на MS Office програми и англиски јазик ќе се смета за предност; - Доверлив и аналитичен со високо чувство за координирање на трошоци и економичност; - Силни организациски, комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок; - Способност за решавање проблеми; - Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интервенција со персоналот; - Познавање на земјоделската пракса и технологија. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft. More farm and garden jobs in North Macedonia