Агроном за полједелство

In English: Agronomist

Dekra Macedonia

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Во име на нашиот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата: - Агроном за полједелство ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО Агрономот за полјоделство е одговорен за стручно планирање, организирање, спроведување и контрола на земјоделското производство, со цел постигнување високи и стабилни приноси, оптимизација на производствените трошоци и одржливо користење на земјоделските ресурси. КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ - Учествува во изготвување и реализација на годишните производствени и сеидбени планови, вклучувајќи избор на култури, семенски материјал, ѓубрива и средства за заштита на растенијата; - Ги планира, организира, координира и контролира сите агротехнички операции, од подготовка на почвата и сеидба до жетва и прибирање на земјоделските производи; - Редовно ја следи состојбата на посевите, почвата и климатските услови и предлага навремени мерки за оптимален развој на земјоделските култури; - Изготвува и спроведува планови за исхрана, прихрана и заштита на растенијата, врз основа на потребите на културите и состојбата на посевите; - Навремено идентификува појава на болести, штетници и плевели и предлага соодветни мерки за нивно спречување и сузбивање; - Ги следи приносите, квалитетот на производството и производствените показатели, ги анализира отстапувањата и предлага мерки за подобрување; - Учествува во планирање на производствените трошоци и следење на економската ефикасност на земјоделското производство; - Ја координира работата на теренските тимови и операторите на земјоделската механизација, обезбедувајќи правилно и навремено извршување на работните операции; - Врши контрола на правилната употреба и подесување на земјоделската механизација, со цел постигнување оптимален учинок и квалитет на извршените операции; - Се грижи за зачувување и подобрување на плодноста на почвата, правилна примена на плодоредот и одржливо управување со земјоделското земјиште; - Подготвува редовни извештаи и анализи за текот на земјоделското производство и предлага конкретни мерки за негово унапредување; - Обезбедува почитување на законските прописи, стручните стандарди и процедурите за безбедност и заштита на животната средина. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО - Завршено високо образование од областа на земјоделските науки, по можност насока полјоделство или сродна област; - Најмалку 7 години релевантно работно искуство во земјоделско производство, со практично искуство во полјоделство; - Докажано искуство во планирање, организирање и контролирање на земјоделски производствени процеси; - Одлично познавање на современите агротехнички практики, технологиите на одгледување полјоделски култури, прихраната и заштитата на растенијата; - Познавање на законската регулатива од областа на земјоделството и заштитата на животната средина; - Компјутерска писменост и познавање на MS Office, особено Excel; - Познавање на англиски јазик; - Возачка дозвола Б-категорија; - Подготвеност за редовна теренска работа и флексибилно работно време согласно сезонските потреби на производството; - Познавање на современи технологии и дигитални алатки за следење и управување со земјоделското производство. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft.