Ракувач на земјоделска машина

In English: Agricultural Machinery Operator

Dekra Macedonia

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Во име на нашиот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата: - Ракувач на земјоделска машина ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО Ракувачот на земјоделска механизација е одговорен за правилно, безбедно и ефикасно управување со современа земјоделска механизација, како и за нејзино одржување и рационално користење, со цел квалитетно и навремено извршување на планираните земјоделски активности. КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ - Управува и ракува со трактори со голема моќност, самоодни земјоделски машини и различни видови приклучна механизација; - Извршува земјоделски операции поврзани со подготовка и обработка на почвата, сеидба, прихрана, заштита на растенијата, прибирање на земјоделските производи и транспорт - Обезбедува правилно, внимателно и економично користење на машините, почитувајќи ги техничките упатства и работните процедури; - Врши редовни дневни проверки на техничката исправност на механизацијата и учествува во спроведувањето на планираното одржување; - Се грижи за навремено откривање и пријавување дефекти, неправилности и отстапувања во работењето на машините; - Самостојно отстранува помали технички дефекти во рамките на своите компетенции и овластувања; - Се грижи за чистотата, уредноста и правилното чување на доверената механизација и опрема; - Ги почитува прописите за безбедност и здравје при работа и правилата за безбедно управување со земјоделска механизација. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО - Најмалку 3 години релевантно работно искуство во управување со земјоделска механизација; - Практично искуство во управување со големи и современи земјоделски машини; - Познавање на принципите на работа, правилно користење и основно одржување на земјоделската механизација; - Соодветна возачка дозвола и исполнување на законските услови за управување со машините што се користат на работното место; - Подготвеност за работа со флексибилно работно време, согласно сезонскиот карактер на земјоделското производство; - Флексибилност и подготвеност за работа во периоди на зголемен обем на активности; - Самостојност, организираност и способност за решавање оперативни проблеми; - Домаќински и одговорен однос кон доверената механизација и опрема. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft. More machine operator jobs in North Macedonia