Директор на земјоделие

In English: Agriculture Director

Dekra Macedonia

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Во име на наш клиент, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција: - Директор на земјоделие ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО Директорот на земјоделие е одговорен за планирање, организирање, управување и контрола на целокупното земјоделско производство, со цел обезбедување профитабилно работење, зголемување на продуктивноста и оптимално искористување на расположливите ресурси. КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ - Планирање и реализација на земјоделското производство : Изготвува и спроведува годишен и 5-годишен сеидбен план, кој опфаќа избор на земјоделски култури, распределба по парцели, избор на семенски материјал и ѓубрива, како и планирање и спроведување на сите потребни агротехнички мерки и операции; - Профитабилност и продуктивност: Одговара за постигнување оптимални приноси, контрола на производствените трошоци, зголемување на ефикасноста и подобрување на економските резултати од земјоделското производство; - Управување со ресурсите и зачувување и подобрување на плодноста на почвата: Планира и спроведува соодветни земјоделски практики вклучувајќи плодоред, зелено ѓубрење, угар и правилна употреба на дозволени ѓубрива и средства за заштита на растенијата, во согласност со законските прописи преку рационално и ефикасно користење на земјоделското земјиште, механизацијата, опремата, материјалните средства и човечките ресурси; - Планирање на земјоделската механизација: Изготвува план за набавка, обновување и оптимално; - Користење на механизацијата, согласно годишниот сеидбен план, планираните агротехнички операции и постојните капацитети; - Воведување нови технологии и иновации: Ги следи современите трендови и технолошки решенија во земјоделството и иницира нивна примена со цел зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и унапредување на квалитетот на производството; - Управување со човечките ресурси: Ја организира, координира и контролира работата на вработените во земјоделското производство, со цел ефикасно извршување на планираните активности; - Законска усогласеност: Обезбедува почитување и спроведување на сите законски прописи, стандарди и обврски поврзани со земјоделското производство, употребата на земјоделски средства и заштитата на животната средина; - Следење и известување: Ги анализира производствените резултати, приносите, трошоците и ефикасноста на работењето и подготвува редовни извештаи и предлози за подобрување на резултатите. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО - Високо образование од областа на земјоделските науки, со предност на кандидати со завршен Земјоделски факултет – насока полјоделство или сродна област; - Најмалку 5 години релевантно работно искуство во земјоделско производство, од кои најмалку 3 години на раководна позиција; - Докажано искуство во планирање, организација, оптимизација и управување со големи земјоделски системи и интензивно полјоделско производство; - Одлично познавање на агротехничките мерки, сеидбени планови, плодоред, прихрана, заштита на растенијата и управување со плодноста на почвата; - Познавање на современа земјоделска механизација, системи за наводнување и технологии за прецизно земјоделство; - Развиени лидерски, организациски и комуникациски способности, со искуство во раководење и координација на поголеми тимови; - Познавање на законската регулатива од областа на земјоделското производство и заштитата на животната средина; - Познавање на MS Office, особено Excel, и работа со софтверски алатки за планирање и следење на земјоделското производство; - Познавање на англиски јазик; - Возачка дозвола Б-категорија; - Предност ќе се смета практично искуство со GPS-навигација, сателитскo; - Следење, дигитални земјоделски платформи и прецизно земјоделство. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.…

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft. More farm and garden jobs in North Macedonia