Финансиски Менаџер
In English: Financial Manager
Dekra Macedonia
Skopje, North Macedonia · Posted yesterday
Во име на нашиот клиент Rubix, водечки добавувач на MRO производи, услуги и решенија, ДЕКРА ја објавува позицијата: - Финансиски Менаџер ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО - Подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи во согласност со МСФИ (IFRS) и локалните законски барања; - Управување со процесот на затворање на месецот, со обезбедување точност, целосност и навременост; - Обезбедување соодветна усогласеност помеѓу локалните сметководствени стандарди (GAAP) и МСФИ; управување со процесите на транзиција и усогласување; - Подготовка на финансиски анализи, прогнози и извештаи за извршниот директор; - Одржување на точна главна книга, контроли на билансот на состојба и финансиска документација; - Воспоставување и одржување сигурни системи на внатрешни контроли во согласност со корпоративните стандарди; - Идентификување на празнини во постојните финансиски процеси и дизајнирање и имплементација на подобрувања на контролите; - Обезбедување усогласеност со корпоративните политики, барањата за внатрешна ревизија и регулаторните стандарди; - Надзор над даночната усогласеност (ДДВ, данок на добивка, даноци и придонеси од плати) во соработка со надворешни сметководители; - Надзор над обврските кон добавувачи, побарувањата од купувачи, управувањето со готовина и сметководството на залихи; - Следење на обртниот капитал, готовинскиот тек и ликвидноста; - Водење на процесите на буџетирање, прогнозирање и долгорочно деловно планирање; - Дејствување како стратешки финансиски партнер на извршниот директор, преку обезбедување финансиски увиди и препораки; - Обезбедување финансиски анализи за клучни комерцијални одлуки (цени, маржи, инвестиции, договори и сл.); - Градење односи со оперативните тимови и поттикнување култура на транспарентност и одговорност. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ - Универзитетска диплома по финансии, сметководство, економија или сродна област; - Минимум 5–7 години релевантно искуство во финансии, сметководство или финансиска контрола; - Искуство во дистрибуција, FMCG или слични индустрии претставува предност; - Познавање на МСФИ (IFRS) и локалните сметководствени прописи (Србија и/или Северна Македонија); - Изразени аналитички способности и добро познавање на Excel; познавање на корпоративни алатки за известување; - Одлично познавање на англиски јазик; - Солидно разбирање на даночните прописи и усогласеноста; - Висок интегритет, силно чувство на одговорност и посветеност на квалитетот; - Практичен пристап („hands-on“), ориентираност кон детали и способност за самостојна работа во средина што се трансформира. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.
Source: TalentLyft.

