Регионален продажен претставник

In English: Regional Sales Representative

Dekra Macedonia

1000, North Macedonia · Posted yesterday

Во име на својот клиент Златиборац, компанија со долгогодишна традиција, препознатлив бренд и посветеност на квалитетот и иновациите во прехранбената индустрија, ДЕКРА ја објавува позицијата: - Регионален продажен претставник ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО - Управување и развој на продажните активности на пазарот во Северна Македонија, преку секојдневна соработка и координација со локалниот дистрибутер; - Следење и унапредување на работењето на дистрибутерот преку редовни посети на продажните објекти и анализа на клучните показатели – продажба, залихи, трошоци и пазарна застапеност; - Развивање и имплементација на продажни стратегии во согласност со деловните цели на компанијата; - Соработка со продажниот тим на дистрибутерот во спроведувањето на бренд-стратегијата и унапредувањето на позиционирањето на производите на компанијата; - Планирање и реализација на годишните продажни и маркетинг активности, со следење на нивната ефикасност и повратот на инвестицијата (ROI); - Иницирање и реализација на BTL активности, промотивни кампањи насочени кон зголемување на продажбата и зајакнување на препознатливоста на брендовите; - Континуирано следење на конкуренцијата, пазарните трендови и потребите на потрошувачите, со цел идентификување нови деловни можности; - Анализа на остварените резултати, подготовка на извештаи и предлагање конкретни мерки за унапредување на работењето и постигнување на поставените цели. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ - Завршено високо образование; - Најмалку две години работно искуство на позиции во областа на продажбата, управувањето со продажба или развојот на пазарот; - Познавање на англиски јазик; - Возчка дозвола Б категорија; - Одлични комуникациски и организациски вештини; - Аналитичност, проактивност, самостојност во работата и ориентираност кон постигнување резултати. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft. More sales manager jobs in North Macedonia