Бизнис оперативен администратор

In English: Business Operations Administrator

King Ict

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Кои сме ние? KING ICT, како членка на M SAN Group, е еден од најголемите регионални систем-интегратори кој на своите корисници им нуди комплетни ИТ и деловни решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и за идните генерации. Нашите главни мотиви се знаењето, стручноста, креативноста, подобрувањето на бизнисот и создавањето дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е пријатно да работиме и да се дружиме. За позицијата Бизнис оперативен администратор , бараме организирана и проактивна личност која ќе се грижи за непречено функционирање на канцеларијата и ќе обезбедува оперативна и административна поддршка за Интегрираниот систем за управување (ИСУ) и корпоративните процеси во компанијата. Ако си систематичен/на, внимаваш на детали и успешно координираш повеќе задачи и рокови, те покануваме да се приклучиш на нашиот тим. Работни активности и обврски: - Организација и координација на секојдневните канцелариски активности и проактивна грижа за канцеларијата, опремата и потребите на тимот. - Координација со добавувачи и набавка на услуги и материјали за потребите на компанијата. - Координација на одржувањето на канцеларијата и навремено решавање на тековните организациски потреби. - Прием, евиденција и архивирање на документи, договори, акти и останата деловна кореспонденција. - Организација на состаноци и подготовка на потребните материјали и записници. - Секојдневна оперативна и административна поддршка на раководството и тимот. - Учество во изработката на политиките на Интегрираниот систем за управување (ИСУ). - Подготовка и ажурирање на документацијата на ИСУ, вклучително и за имплементираните ISO стандарди во компанијата, во соработка со Одделот за управување со квалитет. - Планирање, координација и учество во спроведувањето на редовните и вонредните интерни и екстерни аудити на ИСУ. - Координација и следење на отстранувањето на неусогласеностите и спроведувањето на корективните мерки, во соработка со Одделот за управување со квалитет. - Водење и ажурирање на Регистарот на законски и регулаторни прописи и следење на важечката законска регулатива за КИНГ ИЦТ ДООЕЛ. Очекувани искуствени аспекти: - Искуство во office менаџмент, деловна поддршка или сродна област. - Добри организациски и комуникациски вештини и способност за поставување приоритети и следење рокови. - Проактивност, прецизност и одговорен пристап кон задачите. - Добро познавање на Microsoft Office, особено Word и Excel. - Познавање англиски јазик за деловна комуникација и работа со документација. - Дискретност при работа со доверливи информации и подготвеност за учење. Дополнителни аспекти кои би оделе во прилог: - Искуство со координација на добавувачи, набавки и одржување канцелариски простор. - Познавање ISO стандарди или искуство со контролирана документација. - Искуство со подготовка за аудит и следење корективни мерки. - Завршена обука за интерен аудитор. Што нудиме ние: - Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух; - Конкурентен финансиски надоместок; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка; - Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата; - Професионален и личен развој; - Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции; - Работа на домашни, регионални и интернационални проекти; - Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници; - Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.…

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft. More operations manager jobs in North Macedonia