Хаусмајстор

In English: Housekeeper

M SAN Grupa - main

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје , е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето. Вангел Нечевски 43 Визбегово, Скопје Што добивате: - Конкурентна плата; - Работни денови од понеделник до петок; - Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време; - Исплата на годишен регрес; - Приватно здравствено осигурување; - Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa; - Работа во професионална средина; - Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата. Одговорности на хаусмајсторот: - Инсталација на работна опрема и уреди во деловни простории; - Извршување на итни санации; - Проверка на функционалноста на сигурносните уреди; - Редовна инспекција на инсталациите во деловните простории; - Монтажа на разни елементи кои придонесуваат за функционалноста на работниот простор; - Соработка при реновирања; - Навремено пријавување на дефекти; - Редовно известување на непосредниот претпоставен за извршената работа. Од кандидатот очекуваме: - Стручност за работата којашто ја извршува (пожелно е познавање од областа на електротехника и машинство); - Пожелно е претходно искуство; - Познавање на работа со компјутери; - Возачка дозвола Б категорија; - Познавање на српско-хрватски јазик (усно и писмено); - Организираност и точност; - Педантност и одговорност за работниот простор.

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft. More hotel and front desk jobs in North Macedonia