Магационер
In English: Warehouse Worker
M SAN Grupa - main
Skopje, North Macedonia · Posted yesterday
VIVAX, дел од M SAN Group — една од водечките компании за дистрибуција на HVAC системи и потрошувачка електроника во Југоисточна Европа — гради силно присуство на регионалните пазари преку иновации, сигурност и континуиран раст. Со добро воспоставено портфолио на решенија за климатизација и паметен дом, VIVAX прерасна во препознатлив бренд посветен на понуда на производи прилагодени на современиот начин на живот и секојдневната удобност. Локација: ул. Вангел Нечевски бр.43, Визбегово, Скопје Го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по: Магационер Што добивате: - Конкурентна плата - Работни денови од понеделник до петок - Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време - Приватно здравствено осигурување - Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa - Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне - Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини - Можност за надградување и напредок во рамки на компанијата Работни задачи: - Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием) - Правилно одржување и спремање на постоечка роба во магацин со ПДА уреди со помош на современ систем за магацинско работење - Вршење на попис на роба-издавање на роба по пат на службена документација - Утовар и истовар на роба при прием, и издавање заедно со другите колеги од логистика со современа опрема за работа - Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба и максимално внимание и грижа за робата во магацин Од кандидатот очекуваме: - Завршено ССС - Претходно искуство во логистика и магацинско работење ќе се смета за предност - Познавање и работа на компјутер - Поседување лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност - Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето - Високо ниво на одговорност и концентрација - Адаптибилност и можност за работа во тим
This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.
Source: TalentLyft. More warehouse worker jobs in North Macedonia

