Junior Product Group Specialist (Јуниор специјалист за група на производ)
M SAN Grupa - main
Skopje, North Macedonia · Posted yesterday
М Сан Дистрибуција е дел од М Сан Група, најголемиот регионален дистрибутер на компјутерска опрема и компјутерска електроника. Низ широко портфолио на производи и технолошки решенија, како и долгогодишна соработка со водечките светски производители, градиме силна мрежа на бизнис партнери и пружаме поддршка на нивниот развој. 📍Вангел Нечевски 43, Скопје Како специјалист за група производи, ќе соработуваш со нашиот успешен тим во ИТ и Enterprise сегментот од нашето портфолио, ќе ги утврдуваш потребите на нашите бизнис партнери и и да обезбедуваш продажба на производите на крајните купувачи преку квалитетни презентации, сопственото знаење и секојдневната комуникација со партнерите. Критериумите за оценување на твојата работна успешност ќе вклучуваат остварување на планираните продажни цели, бројот на нови деловни партнери, одржување на постојните партнерства, како и задоволството на купувачите и партнерите. Главни одговорности : - Следење на пазарните трендови, конкуренцијата и новостите во областа на производите, како и препознавање на потенцијални деловни можности. - Обезбедување поддршка во развојот на бизнисот со постојните и потенцијалните партнери и добавувачи. - Учество во планирањето и спроведувањето на продажните и маркетинг активности. - Подготовка на понуди, ценовници и продажна документација, како и координација на нарачките. - Учество во активностите за набавка и следење на залихи на производите. - Следење на продажните резултати, реализација на плановите и подготовка на извештаи. - Учество во пласирањето на нови производи и брендови на пазарот. - Обезбедување поддршка при организација и спроведување на обуки за продажниот персонал и партнерите. - Соработка со тимовите за продажба, маркетинг и набавка при спроведувањето на деловните активности. - Извршување оперативни и административни задачи во рамките на работните обврски. - Континуирано стручно усовршување и надградување на знаењата во областа на работењето. Од кандидатот бараме : - Завршено средно, вишо или високо образование од областа на економијата, информатиката или сродни области. - Минимум 1–3 години работно искуство во продажба или набавка. - Развиени комуникациски и преговарачки вештини. - Самостојност, одговорност и прецизност во работата. - Активно познавање на англискиот јазик. Нудиме : - Приватно здравствено осигурување. - Колективно осигурување од повреди при работа, кое важи за време и надвор од работното време. - Поволности при купување на производите што ги дистрибуира компанијата. - Можност за стручно усовршување во областа преку платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување соодветни вештини и знаења, со можност за континуирана едукација. - Работа во професионална работна средина и тим кој е секогаш подготвен да пружи поддршка. - Работа во рамките на интернационална групација, во динамична работна средина исполнета со нови предизвици, со можност за стекнување нови искуства и вештини. - Можност за надградување и напредување во рамките на компанијата.
This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.
Source: TalentLyft.

