Product Group Specialist (Специјалист за група на производ)
M SAN Grupa - main
Skopje, North Macedonia · Posted yesterday
М Сан Дистрибуција е дел од М Сан Група, најголемиот регионален дистрибутер на компјутерска опрема и компјутерска електроника. Низ широко портфолио на производи и технолошки решенија, како и долгогодишна соработка со водечките светски производители, градиме силна мрежа на бизнис партнери и пружаме поддршка на нивниот развој. 📍Вангел Нечевски 43, Скопје Како специјалист за група производи, ќе соработуваш со нашиот успешен тим во ИТ и Enterprise сегментот од нашето портфолио, ќе ги утврдуваш потребите на нашите бизнис партнери и и да обезбедуваш продажба на производите на крајните купувачи преку квалитетни презентации, сопственото знаење и секојдневната комуникација со партнерите. Критериумите за оценување на твојата работна успешност ќе вклучуваат остварување на планираните продажни цели, бројот на нови деловни партнери, одржување на постојните партнерства, како и задоволството на купувачите и партнерите. Главни одговорности : - Планирање, развој и управување со доделената група производи во согласност со деловната стратегија на компанијата. - Остварување на продажните и профитните цели, како и следење и анализа на деловните резултати. - Активно следење на пазарните трендови, конкуренцијата и потребите на пазарот, како и идентификување нови деловни можности. - Развивање на соработката со постојните партнери и добавувачи, како и пронаоѓање и воспоставување соработка со нови партнери. - Учество во преговори со добавувачите и развој на нови дистрибутивни партнерства, во согласност со стратегијата за комерцијален развој на компанијата. - Планирање и спроведување на продажни и маркетинг активности, вклучувајќи промотивни кампањи и активности за унапредување на продажбата. - Управување со ценовната политика, формирање на цените и позиционирање на производите на пазарот. - Координација на процесите за набавка, планирање на потребите и управување со залихите со цел оптимизација на работењето. - Учество во креирањето стратегија за развој на нови производи и брендови, како и нивно воведување на пазарот. - Организација и спроведување обуки за продажниот персонал и партнерите, со цел унапредување на познавањето на производите и подобрување на продажните резултати. - Анализа на реализацијата на деловните планови, подготовка на извештаи и предлагање мерки за унапредување на работењето. - Координација на активностите со тимовите за продажба, маркетинг и другите релевантни организациски единици. Од кандидатот бараме : - Завршено вишо или високо образование од областа на економијата, информатиката или сродни области. - Минимум 5 години работно искуство во продажба или набавка. - Развиени комуникациски и преговарачки вештини. - Напредно познавање на работа со компјутер и деловни апликации. - Самостојност, одговорност и прецизност во работата. - Активно познавање на англискиот јазик. Нудиме : - Приватно здравствено осигурување. - Колективно осигурување од повреди при работа, кое важи за време и надвор од работното време. - Поволности при купување на производите што ги дистрибуира компанијата. - Можност за стручно усовршување во областа преку платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување соодветни вештини и знаења, со можност за континуирана едукација. - Работа во професионална работна средина и тим кој е секогаш подготвен да пружи поддршка. - Работа во рамките на интернационална групација, во динамична работна средина исполнета со нови предизвици, со можност за стекнување нови искуства и вештини. - Можност за надградување и напредување во рамките на компанијата.
This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.
Source: TalentLyft.

