Rent-a car Representative
Dekra Macedonia
Skopje, North Macedonia · Posted yesterday
Во име на нашиот клиент, Hertz, водечки светски бренд во индустријата за rent-a-car услуги, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција: • Rent-a car Representative ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА: • Одговорен за изготвување на договорот за изнајмување, проверка на потребните документи за изнајмување на возилото и обезбедување на начинот на плаќање (готовина или кредитна картичка). Врши предавање на возилото на клиентот заедно со целата неопходна документација за непречено користење; • Се грижи за клиентот во текот на периодот на изнајмување и одржува континуирана комуникација за идни резервации; • Одговорен за проверка на состојбата на возилото при неговото враќање, вклучувајќи проверка за евентуални оштетувања, изгубени документи и нивото на гориво, како и за наплата на соодветните трошоци; • Должен е да ги проверува возилата пред и по изнајмувањето и да пријавува какви било промени во однос на нивната претходна состојба; • Обезбедува секоја резервација да се реализира точно во предвиденото време, со возило што е целосно функционално и подготвено за изнајмување; • Обезбедува клиентите секогаш да бидат целосно информирани за условите и цените на изнајмувањето, со цел да се спречат евентуални поплаки и недоразбирања поради недостиг на информации. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: • Возачка дозвола Б категорија; • Одлично познавање на англискиот јазик (писмено и усмено); познавањето на дополнителни јазици се смета за предност; • Изразени комуникациски и меѓучовечки вештини; • Основни компјутерски вештини за работа со системи за резервации и процесирање на плаќања; • Завршено средно образование или еквивалент (диплома од областа на туризмот или бизнисот претставува предност); • Подготвеност за работа во смени, вклучувајќи викенди и празници; • Прецизност и внимание кон деталите. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.
Source: TalentLyft.

