Лидер на Смена, Sinsay- Скопје, Илинден

In English: Shift Leader

Lpp Macedonia

Skopje, North Macedonia · Posted yesterday

Бидете и вие дел од LPP, современа и реномирана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода! LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот. “Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.” Нашата моментална мрежа се состои од околу 3700 продавници во Европа, Азија, Среден Исток, а од неодамна е присутна и во Скопје со сите 5 бренда. Со цел проширување на продавници низ цела Македонија во моментов сме во потрага по нашиот иден колега: Shift Leader (Лидер на смена во продавница) SINSAY Локација: Скопје, Илинден Основни одговорности - Секојдневно организирање на работни активности вo продажен објект - Одговорен за вработените во продажниот објект: Грижа и евиденција на работно време на вработените; Учество во процес на селекција и регрутација на својот тим; Унапредување на вештини и знаења на вработени; Поддршка и негување на тимски дух - Активно спроведување и следење на компаниски процесите, кодекси и дефинирани стандарди од страна на Работодавачот; имплементација и на процедури согласно законските прописи - Одговорен за работни резултати, следење на истите и активна имплементација на сите планирани активности со цел постигнување на планирани продажни цели - Следење на залиха на роба и управување со процес на прием и поврат на роба - Грижа и одговорност за дневниот пазар, одговорен за состојбата на благајна каса и трезор - Работа и наплата на каса - Грижа и одржување на високи стандарди на услуга на клиенти, изгледот и хигиената на објектот Што очекуваме - Степен на образование – ССС/ВСС - Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија - Одлични комуникациски вештини - Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим - Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели) - Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување) - Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point) Ние Ви нудиме - Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија - Динамична работна средина - Можност за кариерен раст и развој - Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити - Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа - Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови За аплицирање проследето го вашето CV најдоцна до 23 .11 .2026 год. Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.

This is a copy of the posting, as read on November 25, 2026. The employer’s page has the full text and the way to apply.

Source: TalentLyft.